Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Од:

Собранието вечерва е обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

– Сакам да истакнам дека овој чин не е само визуелен симбол, туку јасна и моќна порака дека највисокaта претставничка институција е решена да биде на страната на секоја жена и девојка и не толерира насилство под никакви околности. Нека портокаловата светлина послужи како повик за размислување, а заедно со оваа светлина да се разбуди и надежта за општество каде секоја жена и секоја девојка живее без страв, почитувана и заштитена, напиша на Фејсбук претседателот на Собранието Африм Гаши.

Генералната секретарка на Парламентот Марина Димовска потенцира дека овој чин не е само симболика – тоа е јасна порака дека Собранието стои на страната на секоја жена и девојка и не толерира никакаква форма на насилство.

– Заеднички да градиме општество во кое секоја жена живее без страв, почитувана и заштитена, потенцира Димовска.

Би можело да ве интересира

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија