Собранието одлучи: Судиите полесно ќе одговараат за несовесно и нестручно работење

Од:

Ќе се поедностави дисциплинската постапка за утврдување одговорност на судија во согласност со меѓународните препораки и Програмата на Владата. Со „61“ глас „за“ и без „против“ и „воздржани“, Собранието попладнево ги усови измените на Законот за судски совет. Целта на законските измени е да се да се зголеми транспарентноста во работата на Советот.

Во образложението на предлог-законот пишува дека Судскиот совет во изминатата декада работел целосно нетранспарентно. Членот 33 став 2 со кој се предвидува во кои случаи јавноста може да биде исклучена од работата на советот беше практицирана како правило и граѓаните немаа можност да го следат изборот и разрешувањето на судиите. Одлуките на Советот беа недоволно образложени, а кандидатите за судии кои не беа избрани на огласот им беше ускратено правото на жалба. Со измените, членовите на Комисијата кои ќе одлучуваат за разрешување на судии, ќе се бираат со ждрепка. Судијата и претседателот на судот, за одлуката на Советот имаат право на жалба до Врховниот суд.

Судскиот совет најмалку еднаш во месецот треба да заседава за претставки и поплаки поднесени од граѓани за работата на судиите, судовите и претседателите на судовите, како и за одложување на судските постапки, најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на предметот. Ако јавноста биде исклучена од седницата, тогаш Судскиот совет мора да ги образложи причините за таа одлука. Записниците од работата на Советот ќе мора јавно да бидат објавувани на нивната интернет-страница.

К. Л. / В. М.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија