ВИДЕО: Собранието не му го одзеде мандатот на Никола Груевски

Од:

Собранието не му го одзеде мандатот на пратеникот Никола Груевски, констатираше претседателот на Собранието, Талат Џафери. Одлуката беше донесена со 58 гласа „за“ и 29 „против“, но за да му се одземе мандатот потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници да гласаат „за“. Ниту еден пратеник не се јави за збор.

Предлогот беше испратен од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која мнозинството пратеници донесоа заклучок за одземање на пратеничкиот мандат на пратеникот Никола Грувски. Пред неколку дена дел од пратениците, кои побараа да се одземе мандатот на Груевски, изјавија дека тој е недостоен за вршење на функцијата пратеник.

Ваква процедура следува по известувањето што стигна до Собранието од кривичниот суд дека пратеникот Никола Груевски е осуден со правосилна пресуда на 2 години затворска казна. Груевски не беше присутен во Собранието.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска