Собранието не ја прифати интерпелацијата на Олга Најденовска

Од:

Собранието на Република Македонија доцна синоќа го отфрли предлогот за интерпелација за претседателката на собраниската Комисија за образование и наука Огла Најденовска.

За предлогот за интерпелација поднесен од опозицијата гласаа 28 пратеници, а против беа 52 пратеници.

Со интерпелацијата се бараше разрешување на Најденовска, затоа што, како што оценуваат пратениците од опозицијата, го прекршила Уставот и Деловникот на Собранието на РМ во тек на комисиската расправа за Предлог-законот за основање универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје.

Во текот на расправата опизициските пратеници и забележаа на Најденовска дека „своеволно го толкувала Деловникот на Собранието, се обидела да спроведе гласање за неколку амандмани без да даде право на предлагачите да ги образложат, а на други пратеници да дебатираат за нив“.

Според Најденовска, интерпелацијата за нејзиното работење како претседател на Комисијата за образование, наука и спорт, е неоснована, не може да се доведе во прашање нејзиното работење и нема прекршување на никакви правни норми. Таа истакна дека во ниту еден момент не било скратено времетраењето на дискусиите на ниту еден пратеник, а уште помалку било одземено правото на процедурална забелешка.

За пратениците од мнозинството, целта на пратеничката група на СДСМ е да прави блокади за да не се променат состојбите во образованието. Тие посочија дека идејата со новиот Универзитет е да се воведе конкуренција во високото образование и да има два економски, правни и медицински факултети.

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови