Собранието не ја прифати интерпелацијата на министерот Тодоров

Од:

Собранието на Република Македонија вчера вечер со 56 гласа „против“ и 29 гласа „за“ не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров поднесена од пратениците од опозицијата.

Тие побараа оставка на министерот Тодоров, поради, како што наведоа, несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем и системски пропусти. Според нив, Тодоров треба да си даде оставка поради смртта на неколку пациенти во измината година, нереализацијата на низа проекти, како и за заминувањето на околу 700 доктори од Македонија.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја оценија интерпелацијата како неоснована и без аргументи. Тие посочија дека за разлика од минатото сега се инвестира во реконструкција и изградба на здравствени објекти, набавена е современа медицинска опрема, реализирани се низа проекти со кои е подобрена здравствената услуга на граѓаните, намалени се цените на лековите и вработен е медицински кадар.

Во попладневниот дел од расправата Горан Милевски од ЛДП обвини дека со давањето на центрите за дијализа под концесијата е зголемена цената на дијализата и за 10 проценти е зголемена смртноста кај овие пациенти и оти се набавуваат неквалитетни лекови по евтина цена.

Министерот Тодоров ги отфрли обвинувањата, истакнувајќи дека од намалувањето на лековите се заштедени 33 милиони евра и оти лековите што се набавуваат се од истите производители од кои се набавувани и во минатото.

– Обвинувате без никакви аргументи. Обвинувате за криминали и пари излезени во странство. Нула денари или евра имам на сметка во странство. Обвинувате за криминални тендери и за висината на цената на лекови. Станува збор за драматичен пад на цената на лековите. Досега се заштедени 33 милиони евра како резултат на намалувањето на цените на лековите. Со тоа им се намали приходот на вашите блиски веледрогерии коишто со сите сили се трудат да ме дискредитираат на секој начин, рече Тодоров.

Како манипулација ги отфрли и обвинувањата дека се набавуваат неквалитетни лекови потенцирајќи дека се набавуваат исти лекови како порано, но по намалени цени.

Би можело да ве интересира

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски

Попов: Младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Горан Наумовски

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија

Пратенички прашања во законодавниот дом

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски