Собранието не ја прифати Информацијата за иселувањето од Македонија

Од:

Собранието на Република Македонија не ја усвои Информацијата за проблемот со се поголемото иселување, особено на младите, поднесена од опозициските пратеници. За Информацијата, на денешното продолжение на 67. седница, гласаа 26 пратеници, а 51 беа против.

Во Информацијата стои дека вкупно 447.000 македонски граѓани се иселиле од државата од кои преку 230.000 во ЕУ и САД што е над 10 отсто од населението, а Светска банка ја рангира Македонија на 23. место од вкупно 25 земји со најмногу мигранти.

Според опозицијата, Македонија полека станува држава на стари лица и пензионери, а иселувањето, особено на младите и на стручните кадри е масовно. ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли ваквите тврдења со став дека миграцијата е глобален проблем, тренд секаде во Европа и Македонија не е исклучок, но, последниве години, напуштањето на државата евидентно се намалува пред се поради отворените преку 100.000 нови работни места.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“