Собранието не го усвои законот на Јанева, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против

Од:

Собранието не го усвои предлог законот за вработување во јавнобвинителска служба во специјалното јавно обвинителство на кој апелираше Катица Јанева за непречно функционирање на оваа институција.

Против гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а за предлогот беа 24 пратеници од коалицијата на СДСМ.

Законот беше предложен од СДСМ откако Јанева достави иницијатива до сите пратенички групи во Собранието. Владата неколку недели претходно го игнорираше нејзиното барање да го предложи законот до парламентот.

Координаторот на СДСМ во Собранието, Горан Сугаревски предложил до останатите пратенички групи заедно да предложат законот да биде донесен по итна постапка, но тие одбиле.

– Предлог законот произлегува од Законот за специјално јавно обвинителство договорен во Пржино и очекувам сите партии да го поддржат. Доколку не го поддржат се отвора сомнеж дека не сакаат да бидат расчистени предметите на кои работи ова обвинителство – рече Сугаревски како предлагач на законот.

Против овој закон гласаа 54 пратеници, а еден беше воздржан.

Како што рекоа претходно од специјалното обвинителство, без овој закон не може да се уреди вработувањето и нормалното функционирање на установата.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска