Собранието не ги изгласа измените на Законот за минимална плата

Од:

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на продолжението на 67. седница не го го изгласа Предлог законот за изменување на Законот за минимална плата, предложен од пратениците од опозијата.

Пратеничката група од опозицијата предлага зголемување на минималната плата на 11.000 денари, додека владејачкото мнозинство смета дека овој, како и другите предложени закони од опозициските пратеници, се во контекст на претстојните избори и чист популизам.

И денеска како и вчера пратениците од обата табора упатија меѓусебни обвинувања.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, прашаа зошто СДСМ не донесе закон за минимална плата додека беше на власт и зошто беа затворени бројни фабрики и на улица беа оставени 200.000 работници. Владата на ВМРО-ДПМНЕ првпат донесе закон за минимална плата.

Опозициските пратеници сметаат дека минималната плата од 9.590 денари не е реална и не соодветствува со потребите на граѓаните.

Седницата ќе продолжи по попладневната пауза со претпоследната точка од дневниот ред на 67. седница Предлог законот за изменување на Законот за Буџетите, во прво читање, исто така предложен од пратениците од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата