Собранието усвои неколку закони

Од:

Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на 41. седница ги усвои Предлог-законот за водостопанство, законите за изменување на Законот за хидрометеоролошка дејност и за дополнување на Законот за земјоделски задруги сите во второ читање и Одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски во образложението на Предлог одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, рече дека Република Македонија како одговорен член на меѓународната заедница придонесува за мирот во рамките на мировните мисии на ОН.

– Со ова учество фактички ние покажуваме дека Република Македонија своите воени капацитети ги користи за зачувување на мирот во останатите територии во светот, во овој случај се работи за Либан. Ова е дел од редовната ротација. Република Македонија има свој припадник во оваа мисија од 2007 година и нашите претставници успешно ги имаат извршувано сите должности. Со ова учество нашите офицери добиваат соодветна обука бидејќи работат со офицери од другите земји во светот, додаде Јолевски.

Собранието 41.седница ќе ја продолжи утре.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година