Собранието ќе расправа за уставните измени

Од:

Собранието на Република Македонија денеска на седница ќе расправа по Предлогот за пристапување кон измена на Уставот.

Со предложените измени се бара попрецизно дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена,  прецизирање на фискалните правила во буџетот со ограничување на буџетскиот дефицит од три проценти и на јавниот долг од 60 проценти од БДП, промена на називот на Народна банка во Банка на РМ.

Со измените се предлага и воведување на институтот уставна жалба, промена на составот на Судскиот совет, промени на надлежноста за одлучување на одлуките по жалба на Судскиот совет за избор на судии, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на судија или на претседател на суд, и воведување надлежност за одлучување по жалба на одлуките на Советот на јавни обвинители за избор на јавни обвинители, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на јавен обвинител од страна на Уставниот суд, создавање уставна можност за формирање финансиска зона, како и дефинирање на Државниот завод за ревизија како уставна категорија.

Предлог одлуката за пристапување кон уставните измени вчера беше разгледана на собраниската Комисија за уставни прашања.

По усвојувањето на Предлог одлуката во Парламентот, за што е потребна поддршка со двотретинско мнозинство,  Владата треба во рок од десет дена да достави текст со нацрт амандмани.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски