Собранието ќе расправа за оставките на лустраторите Гешоски и Витановски

Од:

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 52. седница треба да расправа за оставките на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски од функцијата член на Комисијата за верификација на фактите.

На дневен ред е и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи за соработка со парламентите на други држави.

Пратениците меѓу другото ќе расправаат и за предлог-одлуките за избор на член на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво, за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, и за разрешување на член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции