А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието ќе расправа за мандатите на пратениците од опозицијата

by А1он26/12/2014 - 08:25203
Share0

Собранието денеска ќе ја одржи 28. седница на која треба да одлучува за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата.

Добивај вести на вибер

За да му биде одземен мандат на пратеник потребно е двотретинско мнозинство односно 82 гласа. За секој мандат Собранието треба поединечно да се изјасни.

Комисија за деловничко и мандатно-имунитетни прашања на седницата одржана на 2 декември реши да му предложи на Собранието одземање на мандатите на 31 пратеник од опозициската СДСМ и нејзините коалициски партнери, врз основа на извештај за отсуствата на пратениците од овој состав за период од шест месеци, изготвен од генералниот секретар на Собранието.

Врз основа на Извештајот утврдено е дека во периодот од 10 мај до 10 ноември, 31 пратеник не присуствувале, не учествувале, ниту пак го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници.

Пратениците од опозицијата, со исклучок на три пратенички, по вонредните парламентарни избори донесоа одлука да не учествуваат во работата на Парламентот. Тие поднесоа оставки, но собраниската седница за нивно прифаќање беше прекината.

Се уште не се знае дали денеска ќе им бидат одземени мандатите на пратениците од опозицијата бидејќи владејачките партии не се изјаснуваат во јавноста за текот на седницата и како ќе се изјаснат.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера уште еднаш ги повика опозиционерите да се вратат во Парламентот по примерот на опозицијата во Албанија.

– Ние не го гледаме решението доколку им го одземеме мандатот на нашите колеги пратеници. Овој мандат не го регулира прашањето туку нивното враќање во Собранието отвора пат за дијалог. Не еднаш сум кажал дека за добри идеи тие имаат партнер во ДУИ, рече Ахмети.

sobranie

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски10/01/2026 - 11:0810/01/2026 - 11:10

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2429/12/2025 - 13:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен