Собранието ќе одржи две седници

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ги одржи 93. и 94 седница.

На дневен ред на 94.седница на законите за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција.

Пратениците ќе ги разгледаа и законите за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, за безбедност на сообраќајот на патиштата, за изменување и дополнување на Законот за банките, за супервизија на осигурување, за изменување и дополнување на Законот за енергетика, за спречување и заштита од дискриминација, за изменување и дополнување на Законот за работните односи…

На дневен ред на 93. седница се предлог законите за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации, за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи, како и дополнетите предлог закони за извршување на санкциите, за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, за Централен регистар на население, за електронско управување и електронски услуги, сите во второ читање.

На дневен ред се и предлог законите за социјалната заштита, за социјална сигурност за старите лица, за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, сите по скратена постапка, како и дополнетиот предлог – закон за практикантство во второ читање.

Пратениците ќе ги разгледаат и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за државните награди, за изменување на Законот за Владата на Република Македонија во второ читање, дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, за изменување на Законот за спортот, по скратена постапка, за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена постапка…

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали