Собранието ќе одржи две седници

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи две седници. На дневен ред на седмата седница закажана во 11 часот е Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија.

По завршувањето на седмата седница ќе продолжи петтата седница на која пратениците ќе ги разгледаат годишните извештаи на повеќе институции за 2016 година. Меѓу нив се извештаите на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска