Собранието ќе ја продолжи конститутивната седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи 12-тото продолжение на конститутивната седница на која се расправа за изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

И вчерашното продолжение се одвиваше со процедурални забелешки, реплики и контрареплики. Пратениците дебатираат за тоа за која точка да се расправа. СДСМ бараше да се премине на четвртата точка од дневниот ред, односно за избор на претседател на Собранието, додека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваше со тоа бидејќи според ни тоа е спротивно на Деловникот. Тие инсистираа најпрвин да се исцрпи расправата за изборот на Комисијата за прашања на изборите и иманувањата.

Согласно договореното, во Комисијата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.

За членови од ВМРО-ДПМНЕ се предложени Илија Димоски, Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик