Собранието ќе ја продолжи 55. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 55. седница на која пратениците треба да гласаат за измените и дополнувањата на Кривичниот законик, законите за домување, за просторно и урбанистичко планирање и за пожарникарството, како и за предлог-законот за катастар на недвижности, сите во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и за Стратегија за родова еднаквост 2013-2020, Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година, Предлог-одлуката за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2013 година,   Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2013 година, Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2013 година, Предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместоците што ги наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва и Предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот  надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2013 година.

На дневен ред на седницата се и Годишниот финансиски план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за 2013 година, Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за соседните земји и Европа на странски јазици за 2013 година, Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во соседните земји, во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2013 година.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“