Собранието ќе ја продолжи 52.седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе продолжи 52. седница.

На дневен ред на седницата се Предлог-законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина и Предлог-законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, двата по скратена постапка и во второ читање. Пратениците ќе ги разгледаат и измените на Законот за јавните набавки, измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за високо образование, на Законот за студентскиот стандард, на Законот за ученичкиот стандард, по скратена постапка.

По скратена постапка ќе бидат разгледани и Законот за државните службеници и на Законот за јавни службеници. Исто така на дневен ред се и Предлог на закон за изменување на Законот за социјалната заштита, измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за земјоделство и рурален развој, дополнувањата на Законот за внатрешната пловидба, сите по скратена постапка, како и дополнувањето на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка поднесен од Александар Николоски и Илија Китаноски.

Пратениците треба да ја констатираат и потребата за донесување на неколку закони, меѓу кои  се и измените и дополнувањата на Законот за надворешни работи, на Законот за електронските комуникации, на Законот за стандардизација, на Законот за водите и други.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година