Собранието ќе ја продолжи 15. седница

Од:

Собранието на Република Македнија денеска ќе ја продолжи 15. седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година, по скратена постапка.

Пред пратениците се и предлог-законите за изменување на законите за прекинување на бременоста, за санитарната и здравствената инспекција, за јавно здравје, за безбедност во снабдувањето со крв, за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина и за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, сите во прво читање.

На седницата треба да се расправа и по предлог-законите за изменување и дополнување на законите за биомедицинско потпомогнато оплодување и за заштита на населението од заразни болести, двата во прво читање.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска