Собранието ќе ја продолжи 117. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 117. седница.

Пратениците ќе ја продолжат расправата по Предлог-законот за изменување на Законот за престанување на важење на законот за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, поднесен од опозицијата.

Горан Сугарески како еден од предлагачите, вчера рече дека СДСМ смета оти Комисијата за лустрација веќе не треба да постои, а парите треба да се пренасочат.

Пратениците од владејачкото мнозинство потсетија дека Комисијата има обврска да ги заврши отворените предмети или вкупно 33 предмети.

По овој закон останаа да дискутираат уште осум пратеници.

Во рамки на оваа седница се и Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва и Предлог-законот за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, во прво читање, поднесен од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик