Собранието ќе ја продолжи 117. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 117. седница.

На дневен ред е Предлогот на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва.

Пратениците ќе расправаат и за Предлог-измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, како и за измените на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, измените на Законот за железничкиот систем и измените на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост.

Во рамки на оваа седница се и Предлог-измените на Законот за претстанување на важење на законот за определување на услови за ограничување за вршење на јавна функција и на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, двата поднесени од пратеници од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска