Собранието ќе ја одржи 49-та седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 49-та седница во чии рамки ќе расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите, во прво читање и по дополнетиот Предлог-закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост, во второ читање.

На дневниот ред се и предлог-законите за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Европската унија за учество во Механизмот за цивилна заштита на Унијата, спогодбата меѓу македонската влада и шпанската влада за размена и заемна заштита на класифицирани информации, договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија, како и договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Социјалистичка Република Виетнам за заемно поттикнување и заштита на инвестиции.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Предлог законот за отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување и по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лиц, на Законот за трговија и на Законот за воздухопловство, сите во прво читање.

На денешната собрниска седница е и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2014 година и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2014 година.

Меѓу точките за 49-та собраниска седница се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка, на Законот за Централен регистар и на Законот за девизното работење, во прво читање.

Како што е најавено, пратениците на агендата за денешната седница ги имаат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, во второ читање, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, во прво читање.

На дневниот ред на 49-та седница се и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата, Предлог- законот за дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка, сите во прво читање.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година