А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието ќе ја одржи 49. седница

by А1он24/12/2012 - 09:20154
Share0

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 49 седница, на која на дневен ред се Предлогот за избор на судија на Уставниот суд, Предлог одлуката за избор на Народен правобранител, Предлогот за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и Предлогот за огласување именување на Јавен обвинител.

Добивај вести на вибер

Пратениците ќе дебатираат и за Предлог одлуките за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, како и за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на тие групи.

Меѓу точките се и Предлог одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда “Гоце Делчев”, Предлог одлуки за престанок на мандат на член на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво и за избор на членови на тој Државен совет.

Треба да бидат разгледани и предлог законите за ратификација на Осмиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз, на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу владите на Македонија и на Турција и Протоколот за спроведување на финансиска поддршка помеѓу владите на двете земји.

Собранието терба да се произнесе и по измените и дополнувањата на Законот за азил и привремена заштита, Законот за личната карта, на Кривичниот законик, на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи и за Предлог законот за приватно обезбедување, сите во второ читање.

Во сферата од економијата предвидена е дебата за измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход, дополнетите предлог закони за дополнување на Законот за платниот промет и на Законот за трговските друштва, сите во второ читање и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност во прво читање.

По скратена постапка во прво читање треба да се разгледат измените на Царинскиот закон и на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Листата од речиси 30 точки на дневниот ред ја заокружуваат измените и дополнување на Законот за странците, на Законот за евиденциите од областа на трудот, Предлог-законот за упатување работници од РМ во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи и Предлогот за разрешување на заменик на Народниот правобранител.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен