Собранието ќе ја одржи 11- та седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 11-та седница на која на дневен ред се повеќе закони во второ читање.

Пратениците треба да ги разгледаат дополнетите предлози за измени и дополнувања на Законот за регистрирање на готовиснки плаќања, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, на Законот за градење, на Закон за спортска академија, на Законот за катастар на недвижности, дополнувањето на Кривичниот законик и дополнувањето на Законот за прекршоци, сите во второ читање, како и измените и дополнувањата на Законот за рибарство и аквакултура, по скратена постапка и измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност, во прво читање.

Пратениците ќе го разгледаат и извештајот на Агенцијата за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување во 2013 година и барањето за автентично толкување на членовите 17 и 18 од Законот за ДДВ поднесено од градоначалникот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски