Собранието ја продолжи расправата за разрешување на Зврлевски

Од:

По редовната пауза Собранието попладнево ја продолжи општата расправа по Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски со серија реплики и контрареплики од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во репликите и контра репликите го цитираат членот 8 а од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери несмеат да се случуваат кога се објавени избори. Го повторија барањето оваа точка да биде ставена на дневен ред после изборите.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.

Барањето за разрешување, Владата го достави и до Советот на јавни обвинители кој на седница го прифати таквиот предлог.

На дневен ред на шестата собраниска седница има уште 30-тина точки меѓу кои и Годишниот извештај на Народниот правобранител за почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права, Информацијата за состојбата со дивата депонија во Струга, Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2017 година, Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2017 година, Предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски