А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието ја почна расправата за третиот нацрт-амандман на Уставот

by А1он03/12/2018 - 12:17146
Share0

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 64. седница расправа по XXXV нацрт-амандман, еден од четирите што ги предложи Владата, во кој ќе стои „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”.

Следете a1on на Instagram Instagram

Благоја Деспотоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Македонија веќе тоа го инкорпорирала во Уставот, но важно е да се види и што направила Грција, дали двете земији се почитуваат заемно и побра и Грција да го внесе истиов член во нејзиниот Устав.

-Ова е големо прашање и не треба за тоа да се делиме. И затоа ми попречи што кажа министерот дека ние сме нација со комплекси. Не ние сме паметна интелегентна нација, но сме мирољубива, а знае дека попаметниот попушта оти знае дека со сила не може туку мора да се има принцип. Мора да си се цениме самите за да не ценат другите. Ако продолжиме вака не знаеме следно што ќе биде. Добро е да сме добри пријатели со соседите. Но, во оној момент кога ќе видам неискреност, подментнување и задни намери престанува пријателството. Затоа инсистирам на суштинско пријателство. Ако ние го вметнуиваме овој член во Уставот, добро е да побараме и од соседите да ги вметнат соодвтените членови од нашиот Устав а се однесуваат на членовите од Повелбата на ОН и тогаш ќе бидеме вистински пријатели, на сите ќе ни биде сеедно каде се наоѓаме дали во Грција, Албанија, Србија или во Бугарија, сите граѓани и во тие држави ги имаат истите човекови права. Пријателството треба да се заснова на почитување на еднакви вредности. Само тогаш ќе има искрено пријатлество, рече Деспотоски.

По изгласување на овој амандман ќе започне и дебата за XXXVI нацрт-амандман и последниот предвиден со уставните измени, согласно Договорот од Преспа, а се однесува на иселениците и во него Републиката да ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Следете a1on на Youtube YouTube

Вчера Парламентот ги усвои два од четирите нацрт-амнамни – XXXIV и XXXIII, со кои се предвидува менување на името Република Македонија со Република Северна Македонија, односно во Преамбулата на Уставот зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор.

По изгласувањето на нацрт – амандманите и завршувањето на оваа фаза, Владата како предлагач на измените треба да организира јавна расправа, по што ќе следува третата и последна фаза од уставните измени, кои се прават во согласност со Договорот од Преспа.

sobranieustavni izmeni

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:0518/05/2026 - 13:11

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Муцунски: Нема услови за уставни измени, Владата не е подготвена да преземе било каков чекор

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 10:56

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува причините на Европскиот фронт за поднесување иницијатива за уставни измени

А1он29/04/2026 - 15:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто