Собранието ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев

Од:

На денешната собраниска седница беше констатирана оставката на премиерот Зоран Заев која ја соопшти собранискиот спикер Талат Џафери.

Беше констатирана оставката и на пратеничката Невенка Стаменковска Стојкоски која заминува на позицијата технички министер за информатичко општество и администрација од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Џафери побара ДИК да испрати извештај до Собранието кој пратеник ќе дојде на нејзиното место.

Опозицијата со аплауз ја дочека оставката на Заев при што координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, рече дека очекувал премиерот лично да си ја даде оставката. Му реплицираше координаторот на СДСМ, Јован Митревски, кој рече дека опозицијата не ја научила лекцијата и дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сè уште се извршители на Никола Груевски.

По ова, се очекува претседателот на државата Стево Пендаровски да му го врачи мандатот на техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој ќе треба да го достави составот на новата преодна влада до Собранието. Новата техничка влада се очекува да биде изгласана на собраниска седница денеска, најдоцна до полноќ.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик