ВИДЕО: Собранието ја донесе одлуката за распишување на референдум

Од:

Со 68 гласа „за“ пратениците ја донесоа одлуката за распишување на референдумот за името.

Иницијативата беше поднесена денеска од пратениците од СДСМ, ДУИ и Беса.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 2 амандмани, но не присуствуваа на гласањето, а не гласаше ниту лидерот Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој претходно од говорницата порача дека неговата партија не ја поддржува одлуката за распишувањето на референдумот.

Референдумот ќе се одржи на 30 септември и ќе биде консултативен. Согласно одлуката, референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Галена Николовска – Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on