Собранието го усвои Извештајот на Народниот правобранител

Од:

Собранието на Репулика Македонија го прифати Извештајот на Комисијата за политички систем за спроведување на препораките за надминување на состојбите содржани во Извештајот на Народниот правобранител.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев нагласи дека со ова се исправа грашката која што следела поради недоволната коориднација.

– Нашата определба за унапредување на човековите права и слободи за унапредување на демократијата во земјава, за воведување на нови европски стандарди во сите сфери во општеството ниту била, ниту е, ниту ќе биде доведена во прашање. Сите институции – невладини организации, граѓански здруженија, граѓаните како поединци од нас како пратеничка група и како владејачко мнозинство секогаш ќе ја имаат нашата безрезервна поддршка кога е во прашање потребата за унапредување на човековите слободи и права и на демократските процеси воопшто, рече Тунтев.

На ваков начин, како што рече, ќе се овозможи спроведувањето на клучните реформи во државата коишто ќе значат унапредување на демократските процеси во земјата и вистински напредок во сферата на демократијата.

Собранието на Република Македонија претходно, попладнево, ги верификуваше мандатите на пратениците Костадин Ацевски и Агим Муртезанов.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието