Собранието го прифати Предлог-закон за правда на децата во прво читање

Од:

Собранието на Република Македонија по денешната расправа на 72. седница го усвои заклучокот дека Предлог-законот за правда на децата e прифатлив и може да се даде на натамошно читање.

Заменик-министерот за правда Билјана Бришковска-Бошковски појасни дека целта на предложениот Предлог-закон за правда на децата е усогласување со Законот за кривичната постапка и меѓународните стандарди за унапредување на детското законодаство, подобрување и унапредување на заштита на правата на детето.
Со Предлог-законот се врши усогласување на дефиницијата „малолетник“ со дефиницијата „дете“, согласно Конвенцијата за правата на детето, се врши регулирање на условите за учество на адвокат во постапка пред центрите за социјална работа и регулирање на постапката за пружење на бесплатна правна помош.

СДСМ се изјасни дека ќе даде поддршка на Предлог-законот, но најави амандмани во второ читање. Правна забелешка е, посочи пратеничката Цветанка Иванова, техничката неусогласеност со Законот за кривична постапка и за прекршоци. Според неа, најважно е тоа што со Предлог-законот не се враќа фондот за обештетување и статусот на Државниот совет за превенција.

Собранието ја почна расправата и по измените и дополнување на Законот за спортот кои меѓу другото предвидуваат класифицирање на спортските објекти во државна сопственост во објекти од локално и национално значење. Тие нема да можат да се рушат, оттуѓуваат или пренаменуваат, но ќе може да се даваат под закуп, а средствата ќе бидат користени исклучиво во тековно-инвестиционо одржување на самите објекти. По оваа точка пратениците ќе гласаат утре.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага