Собранието го крши Законот за јавно обвинителство: Јовески заминува на 25 декември, оглас за наследник нема

Од:

Информацијата дека треба да се распише оглас за избор на нов републички обвинител е стигната во Собранието, но по неа уште немаат гласано пратениците. Со негласањето, пратениците го прекршуваат и Законот за јавно обвинителство, бидејќи на Љубомир Јовески мандатот му истекува на 25 декември, а во Законот е наведено дека огласот мора да биде објавен во Службен весник и во два дневни весници, еден на македонски и еден на албански јазик, два месеца пред истекот на мандатот.

Постапката, која предвидува преписки низ повеќе институции сепак почнала на време. Министерот за правда Кренар Лога вели дека на 3 октомври ја известил владата дека истекува мандатот на Јовески, а владата истиот ден испратила информација до Собранието.

„Министерството за правда на 3.10 ја има информирано владата и истиот ден е информирано Собранието, од каде е побарано да се започне псотапката за избор на нов републички обвинител“, вели Лога за А1он.

Доколку огласот не биде рапсишан за брзо време, би можело да се прекршат и другите рокови предвидени со Законот, бидејќи кандидатите можат да се пријавуваат 15 дена од објавувањето во Службен весник. Потоа, Советот има нов рок од 15 дена да достави образложено позитивно или негативно мислење за сите кандидати, а ако нема позитивно мислење, има нови 15 дена за пријавување на кандидати. Ако и тогаш нема позитивно мислење, огласот се повторува, со што Македонија би останала без државен обвинител.

Би можело да ве интересира

Министерството за правда до Владата испрати предлог за разрешување на Коцевски

Катерина Ѓуровски

Филков: Зголемување на казните за возачите кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

А1он

Во влез од зграда во Скопје нападна и допираше девојка, ОЈО отвори постапка

А1он

Четворица обвинети за пукањето во близина на зградата на Општина Чаир

Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“

А1он

Предложен е притвор за осомничените криумчари на луксузни автомобили

А1он