Собранието го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација, седницата продолжува утре

Од:

Собранието денеска во рамки на 19. седница со 70 гласа „за“ го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Законот обезбедува принцип на еднаквост во заштитата од дискриминација и во остварување на човековите права и слободи. Преку овој Закон земјата се доближува до меѓународните стандарди усвоени од ООН и Европската Унија, а граѓаните добиваат соодветна правна заштита и општество кое ги негува различностите и овозможува еднакви услови за развој за сите.

Измените меѓу другото, предвидуваат членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да ги предлага посебна Комисија за селекција, составена од седум члена – по два пратеника од власт и од опозиција и тројца претставници од граѓанското општество, наместо тие да бидат на предлог на собраниската Комисија за избори и именувања.

Законот за спречување и заштита од дискриминација. еднаш веќе ги помина сите филтри – и во владина и во собраниска процедура и е целосно усогласен и работен во соработка со невладиниот сектор, но поради одредени претходни пропусти, Уставниот суд на 14 мај оваа година го укина. Со неговото донесување во речиси идентична форма, како онаа што беше изгласана во Собранието, се надминува празнината во немањето заштита од дискриминација по кој било основ што настана по неговото укинување, а која беше нотирана и во Извештајот на ЕК за 2020 година за напредокот на земјата.

Пратениците ги донесоа и Законот за изменување на Законот за заштита на укажувачи, Законот за изменување и дополнување на Законот за судските такси , Законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови и Законот за изменување и дополнување на Законот за скијалишта.

Без расправа поминаа во прво читање Предлог законот за изменување на Законот за жичари и ски-лифтов и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, при што двата се дадени на понатамошно читање.

Собранието ги верификуваше мандатот на четворица пратеници поради испазнетите места. Нови пратеници во Парламентот се: Мирче Аџиевски, Лидија Тасевска, Рина Ајдари и Мирослав Јовановиќ

На седницата беше ратификуван и Законот за Повелбата на Организацијата за црноморска економска соработка и на дополнувањето на Повелбата на оваа Организација.

Точката по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка;ќе биде разгледана на седницата откако ќе помине на матичната Комисија за здрвство и на Законодавно-правната комисија. Образложувајќи го законот министерот за здравство Венко Филипче истакна дека со нив значјанон е се зголемат ингеренциите на сите инспекторати, а со предложените мерки ќе се избегне носење на одлука за политички час

Бидејќи и за Предлогот за изменување и дополнување на Законот за инспекцијата на труд, измените на Законот за инвалидски организации, како и измените и дополнувањата на Законот за научно-истражувачка дејност – закони кои треба да се носат по скратена постапка, не се исполнети условите според Деловиникот, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и за утре најави нејзино продолжување.

Дневниот ред на 19. собраниска седница по предлог на пратеник и со 81 глас „ за“ беше надополнет со Предлог закон за изменување на Изборниот законик, што ќе се носи по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште