А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Административците извисија по 4-ти пат, платите им останаа замрзнати

by А1он14/11/2012 - 13:1314/11/2012 - 18:42169
Share0

Собраниетоги донесе измените на Законот за исплата на платите. И по 4-ти пат се одложува зголемување на платите на административците

Добивај вести на вибер

Опозицијата обвини  дека се трошат огромни средства за реклами и споменици, а не може да се реализира ветеното покачување на платите на јавните службеници.

„ Владата четврти пат го одложува покачувањето на вработените во јавната администрација со образложение дека во услови на економска криза не може да се зголемат платите. До годинава требаше покачувањето да биде 10 проценти како што најавуваше Владата“, рече Маријанчо Николов од СДСМ, кој праша дали ќе нема петто одложување на платите во јавната администрација.

Парламентарното мнозинство потсети дека во услови на економска криза во повеќето европски држави имало отпуштање на работници и намалување на платите, а тоа не се случило во Македонија.

„ Наместо да критикувате ред е да кажете дека откако е оваа влада на власт имаше покачување на платите. Просечната нето плата во Македонија е зголемена за 61 процент, нето платата во 2006 година изнесуваше 12.600 денари, а во 2010 година достигна 20.303 денари“, велат од владеачкото мнозинство.

Платите во јавниот сектор во 2007 и 2008 година беа зголемени 10 отсто, истакна Ѓорѓи Коџобашиев, додавајќи дека Владата ќе продолжи со покачување на платите на граѓаните.

 

sobranie

Би можело да ве интересира

Попов: Мадинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Горан Наумовски27/11/2025 - 17:36

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија

Горан Наумовски27/11/2025 - 17:24

Пратенички прашања во законодавниот дом

Катерина Ѓуровски27/11/2025 - 08:03

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски26/11/2025 - 11:2926/11/2025 - 11:46

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

Катерина Ѓуровски24/11/2025 - 09:27

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Горан Наумовски19/11/2025 - 07:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен