А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието ги донесе дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој

by А1он14/06/2017 - 17:0896
Share0

Собранието на Република Македонија попладнево ги донесе дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој со кои се предвидува одлагање на законската обврска со која еден од условите за добивање на субвенциите беше земјоделците да немаат долгови кон Управата за јавни приходи.

Добивај вести на вибер

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, образложувајќи го законското решение, истакна дека со ваквата обврска се кочи исплатата на субвенциите за земјоделците.

– Станува збор за две одвоени законски постапки – едната за прибирање на даноци по разни основи од страна на УЈП, а другата за добивање на субвенции за земјоделците. Оваа законска обврска ја кочи исплатата на субвенциите и за Владата е нелогично да постои ваква обврска. Затоа сметаме дека сега треба да се направи одлагање на оваа одредба, а во иднина размислуваме за системско решение коешто нема да претставува пречка земјоделците да ги добиваат субвенциите, појасни министерот Николовски.

Во попладневниот дел од расправата беа донесени и одлуките за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и во мировната операција УНИФИЛ во Либан.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека ставот на Владата е дека треба да се продолжи со учество во мировните операции на Европската унија и Обединетите нации поради градење на кредибилитет на партнер на меѓународните организации и зголемување на капацитетите на Армијата на Република Македонија.

– На ваков начин и припадниците на Армијата и Македонија како држава која инвестира во стабилноста околу себе и во светот, ќе добијат поттик за реформи и подобра работа, рече Шекеринска.

Расправата по останатите точки од дневниот ред продолжува утре. Пратениците треба да ги разгледаат годишните извештаи на неколку институции, а како последна точка е изборот на заменици – министри во Владата на Република Македонија.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен