Собранието едногласно го избра Даштевски за претседател на ДИК

Од:

Со 95 гласа „за“, без ниту еден против и воздржан пратениците го усвоија Александар Даштевски предложен од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Државната изборна комиција.

Со изгласувањто на Предлог-одлуката избрани се и потпретседател и членови на Државната изборна комисија. Потпретседателка на ДИК е Дитмире Шеху од ДУИ. Членови во новиот состав ќе бидат досегашните Борис Кондарко и Радица Ристеска, Оливер Ристовски поранешен заменик министер за правда по предлог на СДСМ, Бобан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ и Кренар Лога предложен од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Предлог одлуката претходно помина на Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со поддршка од 9 гласа по што, Собранието на пленарната седница ја усвои едногласно, при што беше запазен и принципот на двотретинско мнозинство, потребен за носење на вакви одлуки.

Инаку, мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15-ти јануари, кога треба функциите да ги преземат новоизбраните членови.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги