Собранието донесе одлука за оглас за членови на Антикорупциска

Од:

Пратениците во рамки на 60. седница за вицегувернери на Народната банка на Македонија беа избрани Емилија Нацевска и Ана Митревска.

Беше усвоена одлуката за огласување именување на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, поднесен од Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски образложи дека Антикорупциска подолго време е без членови и дека имајќи предвид дека се можни предвремени избори би било добро да бидат избрани нови членови.

– Укинати се сите тела за контрола на јавните набавки, укажа Димовски.

Неговите колеги од владејачкото мнозинство го поддржаа предлогот на опозициската партијата, но нагласија дека доколку нема избори и до Собранието дојде новиот законски предлог, кој беше најавуван, тие повеќе нема да го поддржуваат. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев кажа дека овој предлог на Димовски е врз основа на постоечкиот закон.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ако се случи да има подобар и потранспарентен закон, и опозицијата ќе го поддржи.

Претседателот на Собранието Талат Џафери по кусата расправа за Предлог-одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за основање на анкетна комисија за испитување на целокупниот процес на референдумско изјаснување на 30 септември, ја прекина 60. седница и продолжението го закажа за пред 19:00 часот. Гласањето не беше полноважно поради немање кворум.

– Поразувачки е дека нема политичка волја да се извади оваа работа на чистина, што владејачкото мнозинство преминува преку тоа кутиите да се наполнат во Македонија на 30 септември 2018 година со 50.000 ливчиња, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев нарекувајќи го референдумскиот процес неверодостоен.

Пратениците од владејачките партии реагираа дека овие тврдења треба да ги докаже јавното обвинителство.

Претходно, во рамки на седницата беа донесени одлуки за распишување огласи за повеќе тела и комисии.

Би можело да ве интересира

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Претседателката на ДКСК не доаѓа на работа, парламентарците молчат за нејзино разрешување

Горан Наумовски