А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието без кворум за гласање

by А1он06/11/2017 - 13:5649
Share0

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на шестата седница расправа за извештаи за работата во 2016 година на повеќе комисии и институции од различни области. Работата на законодавниот дом ќе продолжи во 15 часот по редовната пауза на пратениците, најави претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако констатираше дека поради недоволен број пратеници не е полноважно гласањето за Предлог финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2017 година.

Добивај вести на вибер

Претходно, Собранието расправаше за Извештајот на Државната комисија за жалби по јавни набавки во 2016 година. Лани во оваа институција биле примени 623 предмети од кои биле решени 97 проценти. Судска заштита странките побарале во 65 случаи од вкупно 606 решени предмети, односно 89,27 проценти од сите решенија на Државната комисија станале правосилни, а само 10,73 проценти од нив биле обжалени,

– Од 18.418 огласи за јавни набавки обжаленио биле 3,27 проценти. Од 606 решени предмети, биле уважени 44 проценти жалби, одбиени 36, а отфрлени седум проценти. Споредено со 2013, 2014 и 2015 има тренд на зголемување на бројот на уважени жалби, информира претседателката на Државната комисија Маја Малахова.

Во тек на расправата, Драган Цуклев од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара мислење од Комисијата за најавеното укинување на советот за јавни набавки и носење нов закон за јавни набавки, потенцирајќи дека во програмната на владејачката СДСМ никаде не стоело оти ќе се укине ова тело. – Советот имаше позитивна улога во зголемување на конкурентниоста и намалување на средства што се трошат за јавни набавки од државниот буџет, рече Цуклев.

Во реплика, Јагода Шехпаска од СДСМ, наведе дека токму пранешниот министер за здравство на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров се повикувал на Советот за јавни набавки како административна кочница, а со која се продолжувала процедурата за јавни набавки. Советот не одговорил на нивото на задачата, а само во здравството по тој основ се одлеани 500.000 евра, рече Шехпаска.

Во досегашниот дел од работата Собранието не даде поддржка на предложените мерки за препораките од Извештајот на Народниот правобранител за 2016 за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права. Беа изгласани Извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика за 2016 година, Финансискиот план на оваа институција за 2017 година, како и Одлука со која се утврди 0,0504 проценти од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење енергетски дејности да се одвојат за финансирање на работењето на РКЕ за 2017 година.

По шестата седница, Парламентот треба да продлжи со преостанатите точки од осмата и 12. седница.

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2429/12/2025 - 13:44

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:46

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:37

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Горан Наумовски17/12/2025 - 19:13

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски17/12/2025 - 16:5917/12/2025 - 17:01

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Горан Наумовски17/12/2025 - 15:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен