Собрание на РМ: Законите важат и за градежен работник и за пратеник

Од:

Собранието реагира на соопштението на СДСМ во однос на примената на Законот за пратениците.

Собранието на Република Македонија потенцира дека законите треба да се применуваат без притоа политички да се конотираат, независно дали се работи за законско редуцирање на платата за време на неучество во работата на Парламентот – бојкот или за кое било друго прашање во државата.

„Независно дали се работи за плата на државен службеник, фармацевт, градежен работник, занаетчија или пак пратеник, законите мора да се применуваат доследно. Кон ниту едно законско решение не смее да се има селективен или пак привилегиран пристап. Речиси никаде во светот, бојкотот на законодавен дом не се одобрува и применува, освен кај нас и во уште некоја балканска држава“, стои во реакцијата.

Лошо е, се додава, кога ваков неоправдан механизам, во најразлични политички околности, се употребува неколку пати од еден ист политички субјект, проследено со условувања и закани.

„За потсетување, пратениците на СДСМ и нивните коалициски партнери во изминативе години бојкотот го имаат применувано три пати“, се вели во реакцијата од Собранието.

Во соопштението само стои дека од Собранието, без да се наведе дали се работи за Претседателство на собранието, претседателот или пак координатори на пратенички групи

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата