Собрание ја почна 39. седница

Од:

Собранието на Република Македонија, денеска ја почна 39. седница, на која треба да се расправа за измените на Законот за лични карти. По утврдувањето на дневниот ред на седницата на барање на пратеничката група на ДУИ дадена е едночасовна пауза.

Барањето за пауза уследи откако парламентарното мнозинство не го поддржа предлогот на координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери да се симнат од дневниот ред измените и дополнувањата на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и на Законот за лична карта, поради тоа што не поминале на матичната Законодавно-правна комисија.

Не беше прифатено ниту барањето на независната пратеничка Роза Каровска Топузова Законот за водостопанство да биде последна точка на дневен ред за да се остави простор за одржување јавна расправа за негово дообјаснување со учество на експерти.

Прва точка на дневниот ред е Предлог одлуката за објавување на јавен оглас за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, поднесен од пратеникот Зоран Илијевски. На дневен ред пред пратениците ќе бидат и Предлог на закон за изменување на Законот за градежно земјиште во второ читање и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија во прво читање.

Пратениците треба да расправаат и за Предлог на одлука за објавување на јавен оглас за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа, Предлог на закон за дополнување на Законот за иновациската дејнос, како и Дополнет предлог на закон за изменување на Законот за шумите сите во второ читање.

Собранието треба да ги разгледа и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Горан Наумовски

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски

Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани