Собрание ги донесе измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување

Од:

Собранието на Република Македонија во рамките на денешното продолжение на 19-тата седница со 65 гласа „за“ и три „против“ го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското  осигурување.

Тој предвидува формирање совет за социјална сигурност кој ќе  има 11 члена делегирани од повеќе министерства, Сојузот на здруженија на пензионери, фондовите за пензиско и за здравствено осигурување, Црвен крст на РМ…

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими истакна дека советот ќе се формира заради унапредување на социјалната положба и животниот стандард на корисниците на пензија.

Уште три измени се содржани во законот –  можноста за поднесување барања за остварување право на пензија во електронска форма, зголемување на пензиите за 5 отсто од септември 2015 и усогласување во врска со продажба и давање под закуп на деловни згради во РМ, во случајов тие кои ги користи Фодот за ПИОМ, а нема потреба од нив.

Пратеничката Роза Кареска Топузова праша дали покачувањето од 5 отсто најавено за септември 2015 година е реално, бидејќи не се предвидува да се направи усогласување на пензиите со порастот на животните трошоци што стандардно се случува на почетокот на годината. Таа посочи дека и во 2014 година не е направено вакво усогласување, поради што, како што рече, покачувањата на пензиите не се толку големи колку што се тврди.

На тоа заменик министерот Ибрахими посочи дека просечната пензија сега е за 50-тина проценти повисока отколку во 2006 година. Тој истакна дека Владата им дава покачување на пензијата од 5 отсто наместо да добијат усогласување од околу 1 отсто.

– Како Влада овие 5 отсто ги распределуваме исто на сите, бидејќи сметаме дека е подобро сите да добијат ист износ, а не некој да добие покачување од 1.500 денари, а некој  од 200 денари, рече Ибрахими.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година