Собран кабаст отпад од Црниче и Пржино, денеска се собира во Цветан Димов и Бирарија

Од:

Продолжува акцијата за собирање на кабаст отпад во Општина Кисела Вода. Откако вчера сезонски работници ангажирани од страна на локалната самоуправа преку Секторот за месна самоуправа и социјална грижа ги подигнуваа старите и непотребни предмети со погабаритна големина од жителите на Пржино и Црниче, денеска акцијата продолжи во Цветан Димов и Бирарија.

Граѓаните од овие две урбани заедници кабастиот отпад треба да го изложат во периодот од од 07:00 до 11:00 часот, пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, на начин што истиот нема да го попречува движењето на пешаците и возилата, како и местото да биде пристапно за возилата на Општина Кисела Вода. Утре, пак, ќе се собира габаритниот отпад од урбаните заедници Кисела Вода и Расадник.

За останатите месни и урбани заедници кои ќе бидат опфатени во наредните седмици, жителите ќе бидат навремено известени преку општинската веб страница и преку референтите во подрачните канцеларии на нивните месни и урбани заедници, соопштуваат од Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ