Собирање кабаст отпад во Општина Кисела Вода

Од:

Во Општина Кисела Вода утре и задутре ќе продолжи минатонеделната акција за собирање кабаст отпад.

Акцијата ја спроведува ЈП „Комунална Хигиена Скопје” во соработка со Општината, а идните два дена предвидува собирање кабаст отпад и градежен шут оделно, по урбани и месни заедници.

Согласно планот, утре од 7 до 11 часот ќе се собира во урбаните заедници Цветан Димов, Бирарија, Црниче и Пржино, 11-ти Октомври згради, како и во месната заедница Припор, додека во сабота во истото време во Кисела Вода, Расадник, 11-ти Октомври бараки, Пинтија, Бобан Трпков – населба Драчево, село Драчево и Усје и Градинар.

Кабаст отпад е секаков вид домашен отпад (мебел, бела техника, електронски отпад, опрема – делови за бања и купатило) освен градежен шут, гранки и комунален смет, додека под градежен шут, покрај инертниот отпа, се подразбира и отпадот од градежна столарија (врати, прозорци), санитарна керамика, како и градинарски отпад.

Од ЈП „Комунална Хигиена Скопје” апелираат граѓаните отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, на пристапно место за возилата и на начин што нема да го попречува движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот.

Подетални информации за акцијата можат да се добијат на бесплатниот телефон на „Комунална Хигиена Скопје”, 0800 222 33.

Би можело да ве интересира

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски