Собир за поддршка на Северна Македонија пред француската амбасада во Софија

Од:

Под мотото „Европска иднина за Македонија“ попладнево пред Француската амбасада во Софија ќе се одржи мирен собир за поддршка на европските аспирации на Северна Македонија, јави БГНЕС.

– Самиот настан не е против нешто, туку е за поддршка на Македонија и за забрзување на почетокот на нејзините преговори за членство во Европската Унија, изјави еден од организаторите на собирот, скулпторот Андреј Врабчев.

Тој нагласи дека присуство на настанот, организиран преку социјалните мрежи, потврдиле најмалку 150 лица.

Врабчев најави дека е предвидено за време на собирот до Амбасадата да биде доставено писмо до францускиот претседател Емануел Макрон во кое се бара од него да ја преиспита својата позиција околу отпочнувањето на претпристапните преговори со Северна Македонија.

– Местото на Македонија е во Европа поради многу причини – како географски, така и културни. Како што нашето место е во Европа, логично е и Македонија да биде дел од ЕУ. Крајно време е границата меѓу Бугарија и Македонија да биде европска, односно да биде слободна, истакна Врабчев.

Според него, доколку Бугарија и Северна Македонија одново припаднат на два различни блока, ќе се создаде сценарио кое ќе биде многу драматично и ќе влијае врз целиот Балкански Полуостров. Во таков случај, смета Врабчев, земјава многу лесно може да западне во криза, бидејќи „има обиди за нејзина поделба, како и апетити кон не од трети држави“.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он