Со заштитен сведок повторно против Бошкоски?

Од:

Дали повторно како во случајот „Кампања“ заштитен сведок ќе биде клучната фигура за одредување вина кај екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски?

И во текот на вчерашниот ден додека траел распитот на приведените никој не го спомнал Љубе Бошкоски дека е вмешан во убиството на Марјан Тушевски, но против него е покренато обвинение дека го прикрил убиството и помогнал на убијците да избегаат од државава.

Во тек е испитување на сведоците предложени од обвинителството, за кое се претпоставува дека ќе трае до следната недела. Денеска изјави давале тројца сведоци, но ни тие не го спомнале во контекст на делото за кое се терети.

Според адвокатите на Бошкоски засега нема ни материјални ни вербални докази дека тој е вмешан во убиството. Има најави дека ќе се појави заштитен сведок кој ќе каже дека „слушнал“ нешто за инволвираноста на екс министерот за внатрешни работи.

Тој сведок уште не е појавен во судот, а кога ќе се појави обвинителството ќе побара да добие статус на заштитен сведок и врз основа на неговиот вербален исказ ќе треба да се прогласи Љубе Бошкоски за виновен.

Љубе Бошкоски по вчерашниот распит во судот останува во затворот во Идризово, не му е одредена мерката притвор зашто е на издржување казна за случајот „Кампања“ и проценето е дека секогаш ќе биде достапен за судот.

Семејството на Бошкоски и од Обединети за Македонија се убедени дека ова е уште еден монтиран процес со цел да се уништи Бошкоски.

Неговата сопруга Виолета Бошкоска тврди дека неговиот шеф на кабинет Зоран Трајковски пред извесно време му било сугерирано да го намести Љубе и да сведочи против него.

„Никој вчера во исказите не го посочи Љубе дека знаел нешто за убиството,и како прават случај против него? Неговиот телохранител, Зоран Трајковски, пред неколку месеци беше повикан во кабинетот на еден функционер во МВР за да го убедуваат да го намести Љубе за овој случај, но не успеаја“, изјави сопругата на Љубе Бошкоски, за Алфа ТВ.

Од друга страна, партијата на Бошкоски обвинува дека овој случај за кој подолго време предупредуваа дека се подготвува, има за цел да ја запечати судбината на Бошкоски.

Би можело да ве интересира

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Тројца приведени за пожарот во Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ