ВИДЕО: Со влечење, тегнење и закани новинарите избркани од собраниската галерија

Од:

Невиден скандал и бруталност во Собранието. Новинарите беа влечени буткани и исфрлени од собраниската галерија за да не можат да следат што се случува во собраниската сала.

Новнирите и снимателите се единствени во ставот, дека никој нема право да ги оневозможува да ја вршат својата задача, но полициското обезбедување упадна во галеријата и еден по еден, влечејќи ги новинарите, ги исфрлија надвор.

„Знаете ли каква грда слика праќа Македонија со ова, но секоја сила завршува неславно“, изјави Насер Селмани, претседателот на ЗНМ.

Новинарите се надвор и не знаат што се случува во собраниската сала.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска