Со туѓи лични документи подигнал брз кредит

Од:

Скопската полиција поднесе кривична пријава против А.Б.(46) и З.З.(56), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“.

„Сега осомничениот А.Б. на 20.08.2021 побарал лична карта и здравствена легитимација од оштетениот М.Б., со изговор дека му требаат за земање лекови и, по претходен договор, ги дал на второпријавениот З.З., кој бил надворешен соработник во финансиско друштво од Скопје, со цел добивање на брз кредит од финансиското друштво. Второпријавениот З.З. поднел апликација и добил кредит на име на оштетениот М.Б., без негово знаење и согласност“, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он