• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Со традиционалното василичарско оро заврши Вевчанскиот карневал

by А1он14/01/2025 - 16:44278
Share0

Со традиционалното василичарско оро на сред село и палење на маските во центарот на Вевчани, заврши годинашното издание на Вевчанскиот карневал.

Добивај вести на вибер

Вевчанци, според преданијата, симболично го избркаа злото и со желба за здравје и бериќет ја дочекаа Новата година, по Јулијанскиот календар. Претходно двете василичарски друштва Горна и Долна маала ги посетија сите куќи чиј домаќин го носи името на Свети Василиј.

Палењето на маските, како што тврди василичарот Сашо Бетоски, е наметнат ритуал и василичарите не го прифаќаат.

– Ние како василичари не го викаме палење на маските, туку ослободување од товарот што василичарите го носат два дена. Некој низ годините ги запалил маските што ги носеле и било пренесено како палење. Надворешно е прифатено, за нас василичарите не е палење на маските. Ние маските си ги чуваме. Изложени се во горно маалските и долно маалските конаци, да можат да ги видат посетителите, вели Бетоски.

Вевчанци, посочува уште од утре ќе почнат да размислуваат во што ќе се маскираат идната година.

Во фокусот на Вевчанскиот карневал и оваа година беа актуелните состојби во земјава и светот. Поворката ја предводеа традиционалните маски со зетот и невестата заштитувани од ѓаволи и глупави августи, веднаш зад нив одеше оркестарот со зурли и тапани. Маскирани во групи на сатиричен и уникатен начин во релаксирана атмосфера во кабинетот на поранешниот вицепремиер Артан Груби фудбал играа поранешните министри на ДУИ, кои со себе го носеа и куферчето од Државна лотарија на Македонија, а премиерот Христијан Мицкоски им даде црвен картон. Низ вевчанските улици продефилира и екс директорот на УБК Сашо Мијалков со црвеното ферари. Вевчанци на сатиричен начин побараа и враќање на старото уставно име Република Македонија на личните документи, не го заборавија ниту бегството на екс вицепремиерот Артан Груби. Дел од маските беше и Бугарски администратор, Планетата на мајмуните, инспирирани од истоимениот филм, веселата „Вевчанско вече“, тимот на вевчанската женска фудбалска репрезентација, како и карактеристични маски со чудовишта, принцези, снежни кралици, новогодишни елки….

Вевчанскиот карневал, со традиција од околу 15 века, симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

vevcanski karneval

Би можело да ве интересира

Вевчанскиот карневал заврши со василичарско оро и палење на маските

Горан Наумовски14/01/2026 - 16:45

Вевчански карневал – традиција долга илјадници години со посебно место во македонската култура

А1он13/01/2026 - 16:2913/01/2026 - 16:35

Вечерва почнува „Вевчански карневал 2026“

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:42

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал

Катерина Ѓуровски14/01/2025 - 08:23

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал

Катерина Ѓуровски13/01/2025 - 08:1213/01/2025 - 08:13

Без традиционалното василичарско оро симболично одржан Вевчанскиот карневал

Горан Наумовски13/01/2024 - 16:2213/01/2024 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен