Со специјален лет на компанијата Виз Еир, околу 130 наши граѓани кои престојуваа во Словенија се враќаат во ѕемјава.
Авионот претпладнево полета од аеродромот Берник, а во него беа оние кои поради епидемијата на коронавирусот сакаа да се вратат дома.
Сите тие претходно дале согласност дека ќе останат 15 дена во државен карантин.
Во организирањето на летот учествуваа Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Северна Македонија во Словенија чии претставници лично ги испратија нашите граѓани до аеродромот.