Со снимки од „Шарена револуција“, се докажува дека Трајковски не е виновен: Пред Општина Центар немаше ништо спектакуларно и насилно

Од:

На денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар”, завршни зборови даде Александар Трајковски кој е обвинет дека е директен извршител во предметот. Неговиот адвокат, Јовица Страшевски го убедуваше судот дека Трајковски не е виновен, презентирајќи видео снимки од протестите на „Шарената револуција” и кршењето на канцеларијата од експретседателот Ѓорѓе Иванов. Страшевски потенцираше дека за протести со потешки дела, со смртни закани и тепање на полицијата, немало никаква одговорност.

„За разлика од другите протести, пред Општина Центар на протестот немаше ништо спектакуларно и насилно. Од обвинителката не слушнав и не видов насилство, туку дека се тропало и пцуело“, рече адвокатот на Трајковски.

Судот ги одложи завршните зборови за Миле Јанакиески во предметот „Насилство во Центар“, откако Обвинителството го измени обвинението и ослободи Даниела Рангелова, но и против Борче Богдановски и Милан Андоновски. Судијата Душко Јосифовски не дозволи судењето да се врати во доказна постапка, а обвинетите да достават дополнителни докази со кои ќе докажат дека не го сториле делото. Јанакиески и неговиот бранител, завршните зборови ќе треба да ги дадат за четири дена.

„Сметам дека денес добивме поднесок кој не е законит. Вие продолживте да постапуватњ по тој поднесок. Правото да се повлече за одредени обвинети е вистински чекор. Се работи за поднесок кој гласи ‘Поднесок за технички измени и прецизирање на обвинителен акт’. Треба да ја видите фазата на постапката кога се прават овие измени. Јас не барам одложување од причини да се спремам. Јас барам одлагање бидејќи законот ви налага да ни овозможите да се браниме, бидејќи има измена на дејствија. Тие имаат право да изнесат и докази“, рече адвокатот Дончо Наков.

Би можело да ве интересира

И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Ана Ололовска

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“

Миланов не е задоволен од пресудата за Јанакиески, најави жалба

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Шамарите”

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и извршителите за „Насилство во Центар“

Кристијан Ландов

Јанакиески бара ослободителна за „Шамарите“: Груевски замина, Рангелова ослободена и остана Миле да биде виновен