Со повеќе активности се одбележува Денот на ослободувањето на Битола

Од:

Општина Битола со низа програмски активности почна да го одбележува 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

Според програмата, денеска во организација на МКЦ-Битола ќе се одржи традиционалната конференција „Недела на претриемништво“, а вечер во битолската кугларница ќе биде приреден ревијален кугларски турнир.

Од општина Битола информираат дека програмата ќе продолжи утре со ликовна изложба која традиционално ја организира Друштвото на ликовните уметници ДЛУБ-Битола, а во 18.30 часот на Широк Сокак ќе се одржи ноќна атлетска трка. В сабота, на денот на празникот, градоначалникот на Битола, Наташа Петровска ќе приреди приеми за претставници на Сојузот на борци, како и претставници на збратимените градови Плевен од Бугарија и општина Стари Град од Белград, Србија. Точно напладне ќе биде организирани летечки активности со параглајдери кои ќе полетуваат од врвот Пелистер.

Според востановената традиција на 4 ноември ќе биде приредена и свеченост на која ќе биде доделена наградата „4 Ноември“ за минатата година и таа ќе се одржи во сабота навечер во НУ Народен театар-Битола.

Би можело да ве интересира

68-годишен беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад врз 12-годишно девојче

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие