Со помош од Општина Кисела Вода полуматурантите ја избираат идната професија

Од:

Општина Кисела Вода и оваа година започна со реализација на проект преку кој полуматурантите од општинските основни училишта полесно ќе можат да ја изберат идната професија.

Во рамки на проектот, денеска деветоодделенците од ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ беа во посета на Цементарница УСЈЕ АД Скопје каде имаа можност да се запознаат со дел од вработените кои им ги презентираа потребните професии за успешно функционирање на фирмата во која работат.

Учениците гледаа краток документарен филм од кој научија нешто повеќе за Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Покрај ова, учениците од страна на вработените добија одговори на прашањата за кои се интересираа.

Во периодот што следува учениците од општинските основни училишта ќе посетат повеќе фирми кои опстојуваат на територијата на Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода